За нас
Центар за среќата на вселената
Оние што најмногу Го сакаат Алах, се најсреќните луѓе.
Центар за среќата на вселената
ibrahimlive.com
Ибрахимлив постои за да ја донесе таа љубов во вашиот живот.
Создаден од Д-р Абдулџабар Боран, ibrahimlive.com ја пренесува универзалната порака за љубов и среќа што се наоѓа во Светите книги, преку емисии на 20 јазици низ целиот свет. Yspehot што брзо го постигна на YouTube, Instagram, Facebook, TikTok og IP TV покажува дека ibrahimlive остави трага во срцата и умовите на луѓето.
Ибрахимлив е водич за тоа како да се стане совршен човек – добродушен, морален, и личност што на својата околина ѝ носи само добро, благослов и среќа. Ако успеете во тоа, знајте дека сте навистина најсреќни.
Кој е Д-р Абдулџабар Боран?- 20+ јазици Емитуваме на повеќе од 20 јазици.
- Допираме до милиони YouTube, Instagram, Facebook, TikTok и IPTV.
- Свети списи Универзалната порака на љубовта и среќата.
- Пренос во живо Гледајте ги предавањата во живо.
ibrahimlive
Името Ибрахимлив го носи од нашиот татко Хазрети Ибрахим, и има цел да ги обедини срцата на патот на Алах, преку љубов и возвишеност. ibrahimlive.com емитува на англиски, германски, француски, шпански, руски, кинески, турски, курдски, арапски, персиски, холандски, бугарски, азербејџански и индонезиски јазик на вкупно 20 јазици.
Со слоганот „Ние сме подготвени да ја усреќиме вселената“, Д-р Абдулџабар Боран го основал ibrahimlive и го посветил својот живот на љубовта кон сите луѓе заради Алах.
ibrahimlive.com не делува само во религиозната сфера, туку и во економските и општествените области, со мисија да им користи на сите делови од општеството. Сакаме да им бидеме од корист на сите. Не само на нашите членови, туку и на оние што нè сакаат или не нè сакаат – сите 72 народа ги прегруваме со љубов. Зашто љубовта е заедничкиот јазик на човештвото, а јазикот на Божјото откровение е исто така јазикот на љубовта. Тоа е нашата цел, и трудот што го вложуваме на патот на Алах е насочен токму кон тоа.
Му благодариме и Му се восхитуваме на Алах што ни даде можност да ви се обратиме.
Кој е Д-р Абдулџабар Боран?
-
Живот и образование
Д-р Абдулџабар Боран е роден во 1952 година во Мардин, е оженет и има три деца. Дипломирал на Факултетот за природни науки во Анкара, на одделот за физика. Потоа завршил магистратура на Центарот за нуклеарни истражувања во Анкара и ја добил титулата дипломиран инженер по физика. Докторирал во САД, на тема „Енергија, материја и законите на движење“.
-
Кариера
Во својата професионална кариера, работел 25 години во Одделот за нуклеарни централи при Турската електрична корпорација, како инженер, главен инженер и помошник директор.
-
Chesapeake University of Theology
Д-р Боран е ректор на првиот онлајн универзитет за суфизам во светот – „Chesapeake University of Theology“ (основан во 2009), кој ги воспитува своите дипломци како пратеници на љубовта.
-
Објавени дела
Досега има објавено 11 дела, во кои систематски го објаснува формулот на среќата спомнат во Светите книги – преку 7 стадиуми и 4 фази на предавање (теслим). Целта не е само знаење на хартија, туку да се живее љубовта и среќата што Бог му ги подарил на човекот, со водство на Светите книги.